декември 1, 2020

НАПНАТО РОЧИШТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“, БОЈАН ЈОВАНОВСКИ БАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈКАТА ПОРАДИ ПРИСТРАСНОСТ

Напнато на моменти тензично и со викотници помина денеска судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. 

Првовобвинетиот Бојан Јовановски побара изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова затоа што, како што рече тој меѓу другото, судијката била политички инструирана. 

„И вие самата нѐ известивте на почетокот дека сте побарале изземање поради тоа што имате оформено мислење од претходниот предмет „Рекет“ каде што бевте втор судија. Вие носите професионална и кривична одговорност поради мојата состојба, за која фалеа 30 минути за да заврши фатално. Во однос на притворот информирам дека иако бев жртва на уцени на политички вагабонти јас не подлегнав на ниту една од нив.“ – изјави Јовановски.

Поранешната пратеничка Фросина Ременски, вели дека овој случај се води само за да се дефокусира јавноста од сериозни случувања во земјава. Таа најави дека ќе приложи докази кои ќе фрлат поинакво светло на целиот процес.

Освен Јовановски и Ременски во овој случај обвинети се и Јасна Ерцеговиќ, Христина Блажевска и Миле Јовановски а обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. Обвинителството тврди дека обвинетите ги довеле до заблуда бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски кои на име на изградба на старски домови им дале безмалку еден милион евра. Со ова, тврди обвинителството тие ги извршиле кривичните дела „Измама“ и „Перење пари“.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •