декември 6, 2020

Мицковски: Се воведува кризна состојба каде ќе се троши уште полудачки и неодговорно и каде признаваш дека си неспособен

Ивор Мицковски, политичкиот аналитичар смета дека со воведување на кризна состојба во Македонија државата ќе троши уште полудачки и неодговорно. Според него, воведување на кризна состојба е признавање дека функционални институции и дека си неспособен.

Ви текнува ли во мај месец кога лидерот на владејачката партија Заев тврдеше дека предвремените избори се неопходни за Македонија да добие функционални институции, но истовремено да се заштити здравјето на граѓаните, особено имајќи ги предвид реалните стравувања на релевантните светски здравствени институции за нова можна појава на вирусот наесен.
Изборите се случија, се случи и најавениот есенски бран кој бројките на заразени и починати ги доведе до нов трагичен рекорд, но никаде не видовме поголеми институционални мерки или функционални институции во борбата со ковид кризата.
2 месеци една рестриктивна мерка не презедоа, си ја спасуваа економијата, починаа преку 400 луѓе, и сега воведуваат кризна состојба.
Кризна состојба каде ќе се троши уште полудачки и неодговорно, кризна состојба каде признаваш дека немаш функционални институции и дека си неспособен, пишува Мицковски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •