ноември 27, 2020

Континуитетот на Уставниот суд

Уставниот суд на 30-та седница (6.11.2020 г., точка 5) требаше да расправа по Иницијативата (предмет У.бр.13/2019, У.бр.31/2019, У.бр.38/2019 и У.бр.26/2020) за утврдување на уставноста на Одлуката за прогласување на Амандманите XXXIII – XXXVI, со кои се промени уставното име на Република Македонија. Меѓутоа, оваа точка, заедно со Седницата, беше одложена за 18.11.2020 год. Значи, за вчера. Меѓутоа, вчера Уставниот Суд соопшти: „Расправата и одлучувањето по предметот У.бр.13/2019, У.бр.31/2019, У.бр.38/2019 и У.бр.26/2020 беше одложено за едно од наредните седници.“

Значи, сведоци сме на уште едно одлагање на овој предмет, без точно да се определи датумот кога за предметот/Иницијатива ќе се расправа. Сепак, ако во нешто Република Македонија не е сиромашна, тогаш тоа е континуитет во одлагањето и нерешавањето на битните прашања за Државата или, пак, себепрогласувањето за н е н а д л е ж н и. Тоа е удобен начин да се одлагаат и да не се решаваат проблемите, кои секојдневно ги притискаат граѓаните. Опозицијата, по правило, молчи. Исто, и медиумите.

http://ustavensud.mk/?p=19992


Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •