ноември 28, 2020

Како се развива заразата со ковид-19 од првите симптоми до излекувањето: осмиот ден е најкритичен!

Иако вирусот прво ги напаѓа белите дробови, тој може да ги зарази и срцето, бубрезите, црниот дроб, мозокот и цревата. Некои истражувања сугерираат дека ковид-19 е васкуларна болест наместо респираторна, што значи дека може да патува низ крвните садови. Ова може да доведе до дополнителни компликации како што се оштетување на срцето или мозочен удар.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Експертите доаѓаат до нови сознанија за коронавирусот секој ден, а велат дека успеале да утврдат како се развива болеста по денови, пренесува порталот „Бизнис инсајдер“.

Студија од Вухан, градот каде започна пандемијата на коронавирусот покажува како најчесто се развива оваа инфекција и што можат да очекуваат пациентите.

Повеќето случаи на коронавирус се лесни или умерени, но кај околу 20 отсто од пациентите клиничката слика е сериозна или критична, според податоците на кинескиот центар за контрола на болести.

Повеќето пациенти развиваат треска, сува кашлица и отежнато дишење – трите најчести симптоми на ковид-19. Но, тие исто така можат да доживеат замор, болка во мускулите или телото, губење на вкус или мирис, болка во грлото, дијареја.

Овие симптоми обично не доаѓаат веднаш по заразување на некое лице. Просечниот период на инкубација за вирусот е околу пет дена, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Иако вирусот најпрво ги напаѓа белите дробови, тој може да ги зарази и срцето, бубрезите, црниот дроб, мозокот и цревата. Некои истражувања сугерираат дека ковид-19 е васкуларна болест наместо респираторна, што значи дека може да патува низ крвните садови. Ова може да доведе до дополнителни компликации како што се оштетување на срцето или мозочен удар.

Откако набљудуваа илјадници пациенти за време на епидемија во Кина претходно оваа година, тамошните болници идентификуваа модел на симптоми кај пациенти со ковид-19:

Прв ден

Симптомите започнуваат благо. Пациентите обично имаат треска придружена со кашлица. Некои имаат дијареја или гадење еден или два дена пред овие симптоми, што може да биде знак на посериозна инфекција.

Трет ден

Студијата спроведена на повеќе од 550 болници во Кина исто така откри дека хоспитализираните пациенти развиле пневмонија на третиот ден од болеста.

Петти ден

Во тешки случаи, симптомите може да започнат да се влошуваат. Пациентите може да имаат потешкотии со дишењето, особено ако се постари или имаат придружни болести.

Седми ден

Друг индикатор дека пациентот е за хоспитализација и симптом што укажува на тоа е отежнато дишење.

Осми ден

Во тоа време, пациентите со сериозна слика имаат поголема веројатност да развијат отежнато дишење, пневмонија или синдром на акутен респираторен дистрес (ARDS), болест што може да бара интубација. и честопати е фатална.

Девети ден

Некои пациенти од Вухан развиле сепса, инфекција предизвикана од агресивен имунолошки одговор.

Денови 10-11

Ако пациентите имаат симптоми на влошување, ова е време во прогресијата на болеста кога најверојатно ќе бидат примени на интензивна нега. Овие пациенти често имаат болки во стомакот и проблеми со апетитот, некои со поблага клиничка слика.

Ден 12

Во некои случаи, пациентите не развиваат ARDS скоро две недели по појавата на болеста. Една студија од Вухан покажа дека биле потребни 2 дена во просек пред пациентите да бидат примени на интензивна нега. Други, со кои третманот тече добро, може да забележат дека нивната температура се повлекува.

16 ден

На овој ден, кашлицата често се смирува.

Ден 17-21

Повеќето луѓе во Вухан или се опоравиле од вирусот и биле отпуштени од болницата или починале по 2,5 до 3 недели боледување.

19 ден
Тешкотиите со дишењето се ублажуваат.

27 ден
Просечниот период на престој во болница поради инфекција со вирусот траел 27 дена.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •