декември 2, 2020

Издадени рекордни 60.000 рецепти за „Сумамед“ и „Панцеф“ за само 17 дена

Рекордни 60.000 пакувања антибиотици азитромицин од 500мг и 13000 цефиксим (кај нас познати како „Сумамед“ и „Панцеф“) биле издадени за само 17 дена, говорат податоците на Фондот за здравствено осигурување. За ова соопшти д-р Никола Пановски, професор по микробиологија и паразитологија и претседател на Комисијата за контрола на антимикробната резистенција при Министерството за здравство, а по повод Европскиот ден за рационална примена на антибиотици и Светската недела за контрола на антимикробната резистенција.

Податоците говорат дека месецов, кога има по околу 1.000 новозаразени од коронавирусот за 24 часа, во аптеките дневно се издавале над 3.520 пакувања од овие антибиотици.

Во овие бројки не влегуваат пакувањата за кои се издадени приватни рецепти, кои не се на товар на Фондот.

Проекцијата на ФЗО е дека оваа година ќе се реализираат 200.000 рецепти азитомицин и 60.000 рецепти цефиксим повеќе од 2019 година.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •