декември 5, 2020

ИВАНОВ се самоцензурираше – на неговиот профил нема ни збор за Захариева и Бакојани

Зоран Иванов сепак ги избриша своите постови за Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија. 

Доцна вчера вечерта на неговиот профил го немаше ниту првичниот пост, кој беше со остра реторика за Екатерина Захариева и за Дора Бакојани, ниту вториот пост со кој објаснуваше зошто така се изразил за една жена.

Последна на неговиот профил беше фотографија од 25 октомври.

А како што е познато, Владата уште по неговиот првичен пост одлучи да го разреши Иванов како претседател на Извршниот одбор на Македонската информативна агенција.

Вчера вечерта, во својата изјава за ТВ 24, Зоран Иванов рече дека нема намера да го повлече својот прв пост на ФБ, додавајќи дека за него најголем говор на омраза е негирање на нацијата и јазикот. 

Тој напиша и нов пост со кој се дообјасни.

„Самиот поим жена симболизира племенитост, мајчинство, душа. Кога користејќи ја позицијата, жена ти навредува, ти негира, и најотворено ти мрази цела нација, и која и во овој 21 век цел народ множи со нула, би било поцелисходно таквата жена, таквите жени, пред да се наватат на своите функции, да погледнат во својата душа, за да си проверат дали воопшто имаат бар тронка совест. На некои не им успева“, напиша вчера Зоран Иванов на фејсбук.

„Она што се случува со говорот на омраза во Република Македонија во последно време е целосна срамота. Заев веќе подолго време знае каде државата го прекршила Договорот за добрососедство, имавме меѓувладина комисија “. Ова во етерот на „Здраво, Бугарија“ на Нова Телевизија го рече вчера утрото вицепремиерката на Бугарија, Екатерина Захариева.

Таа објасни дека биле извршенувани инспекции и биле изготвени протоколи со години. Прекршувањата, административните пречки и говорот на омраза се официјално сигнализирани повеќе пати.

Министерката за надворешни работи објасни дека не ги прифаќа македонските изрази лично, но е против таквиот јазик против Бугарките. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •