декември 3, 2020

Европратеничката Тања Фајон: Не можеме повторно да ја изневериме Македонија

Европската унија не може повторно да ја изневери Република Македонија, која повеќе пати потврди дека за неа нема алтернатива на патот кон ЕУ и на добрососедските односи со Бугарија, изјави словенечката европратеничка Тања Фајон за белградскиот весник „Данас“.

– Не можеме повторно да ги изневериме. Ние мора да најдеме решение со Бугарија во духот на дијалогот и да ја вратиме нивната доверба во овој процес. Земјите членки имаат уште една можност да одлучат до крајот на годината и да ја отворат вратата на ЕУ за нашите пријатели од РепубликаМакедонија, бидејќи тие тоа го заслужија – вели Фајон, која е претседател на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Европскиот парламент.

Според неа, бугарското вето за преговарачката рамка со земјава предизвикало разочарување не само кај „народот на Република Македонија, чија иднина очигледно е во Европската Унија, туку и кај Европскиот парламент, кој останува силен поддржувач и сојузник на Република Македонија“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •