декември 2, 2020

Д-р Беќаровски: „Комшијата од 4. кат го слушам кашла“

Реалните можности на нашиот здравствен систем се да апсорбира некаде 20-тина новопримени дневно во скопските болници плус десетина во другите градови, а со сегашните 40-50 приеми секој ден притисокот станува сѐ поголем и поголем. Кревети има, но проблемот е не само преморот, туку и бројот на заразени меѓу медицинскиот персонал, вели Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.  Во однос на мерките, во разговор за МКД.мк тој вели дека би бил против носење маска надвор, но кога ние би биле малку поодговорно општество со поодговорни луѓе, ама факт е дека има и колеги кои не ги почитуваат мерките. Кога би носел одлуки, би се решил за благ полициски час од 23 до 5 часот, за да се спречи собирањето на младите и малолетници по паркови, па и во казина.

Според податоците што излегуваат последниве денови, голем е бројот и на починатите и на заразените, варира бројот на оздравените. Мислите ли дека ситуацијата излегува од контрола?

Ова е можеби најтешкото прашање што може да се одговори, дали ситуацијата излегува од контрола.

Факт е дека бројот е драстично зголемен, но во целата оваа работа ако има нешто добро, во последните десетина дена бројот е стандарден, се движи од околу 900 до 1.200-1.300 новооткриени, односно позитивни на ПЦР-тест, зашто не мора да значи дека секој позитивен на ПЦР-тест ќе биде заболен со целата симптоматологија.

Во однос на бројот на новооткриени, бројот на починати може да биде очекуван и како што ќе расте едната, нормално е да расте и другата бројка. За целиот овој период некаде смртноста во однос на новооткриени се движи меѓу 1,5 и 3 проценти, што е и некоја планирана бројка што ја дава и СЗО.

Проблемот е што тој голем број новооткриени бара и голем број хоспитализации. Реалните можности на нашиот здравствен систем се да апсорбира некаде 20-тина новопримени дневно, а за жал овие денови секој ден имаме по 40-50. Тука е оптималниот број што би можел да се издржи со моменталните капацитети. Кога зборувам за капацитети, повеќе зборувам за човечките ресурси отколку за бројот на кревети, зашто кревети има, но треба некој и да ги опслужува тие кревети. 20 до 30 би бил бројот што може во моментот системот да го апсорбира за да останеме на ова ниво на пополнетост.

Зборувате за 20 до 30 хоспитализации во Скопје?

Реално тоа би било во Скопје, а капацитетите надвор се максимум една третина од тоа што го има Скопје, значи некаде десетина хоспитализации плус за да се задржиме на ова ниво. Со вакво ниво на 40-50 приеми секој ден станува сѐ поголем и поголем притисокот. Веќе најголем дел од Интерните клиники почнаа да се пополнуваат и да не беа пациентите што во меѓувреме, за жал, починуваат, веќе ќе беше пополнет капацитетот.

Каква е состојбата со здравствениот потенцијал, колку помагаат ротациите на лекарите и сестрите?

Во клиниките што се директно изложени на работа за ковид пациенти, проблемот е не само преморот на персоналот, туку и бројот на заразени во самата установа. Ние сме клиника (Токсикологија) што во моментов повеќе работи како тријажен дијагностички центар, меѓутоа во моментов имаме осум активни, што веќе е некаде 15 проценти од вкупниот број на медицински персонал. И на другите клиники бројката е тука, во голем дел од клиниките секој ден се откриваат новозаразени. Преморот од една страна, бројот на луѓе што се „вон строј“ од друга страна, реално ги исцрпува капацитетите на тие што директно работат со ковид-пациенти. Сѐ уште постојат резерви на „влечење“ на персонал, но барем што се однесува до Интерните клиники, капацитетот е тука некаде. Така што најверојатно во скоро време и хирурзите ќе бидат принудени да се вклучат во работата, а досега беа ставени комплетно на страна.

За тие осум луѓе што се кај вас активни, имате ли податок дали се заразуваат на работа или дома?

Конкретно на нашата клиника, најверојатно, скоро сите биле заразени или надвор од клиниката или во директен контакт со некој од заболените што поминале низ клиниката, но за среќа трансмисија од еден на друг кај вработените нема.

Велите дека ќе се вклучат и хирурзите. Ако сите се ангажирани со ковид-пациенти, кој ќе ги лекува другите пациенти. Кој ги лекува сега?

Во моментов сѐ уште функционираат дел од клиниките. Кардиологија е сосема исклучена од работата со ковид, освен што праќаат дел од својот послободен персонал. Значи Кардиологија е комплетно „зелена зона“, односно ковид-негативни пациенти, на Гастроентерохепатологија едниот кат е „зелена зона“, на другиот се третираат вакви болни, Ендокринологија исто така, за жал веќе и на Ревматологија стационарот комплетно е претворен во ковид-центар, а деновиве ќе почнат и Ушно, Очно.

Кога зборуваме за бројот на починати, велите дека според бројот на новооткриени, како што ги нарекувате, тој е очекуван. Но бројката сама по себе звучи заплашувачки.

Бројките се големи и ние предупредувавме дека до ова сценарио ќе дојде. Реално гледано на милион жители кај нас бројките се огромни. Но, од друга страна, кога ќе правиме споредби со државите од опкружувањето, ние на почетокот од овој втор бран, кој кај нас може да се нарече засилен бран, тргнавме со голема стартна основа на починати уште од претходните месеци. Во летниот период Црна Гора или Словенија прогласија дека кај нив корона веќе нема, Хрватска долг период немаше новопочинати, а кај нас немаше период кога комплетно бевме без новозаболени.

Инаку, ако ги споредиме бројките на пример со Словенија…

Целото интервју на

mkd.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •