декември 2, 2020

Беџети: Не е време за продажба на државни добра

Буџетот за 2021 година може да биде успешно реализиран само доколку се следат проекциите направени во делот на фискалната политика, вели Академик Абдулменаф Беџети. Предупредува дека рецесијата од претходната година ќе има одредени негативни последици врз буџетските приходи.

„Буџетските приходи се дури 2 проценти пониско од тоа што биле предвидени во претходната година. Рецесијата во претходна година ќе има одредени импакти врз буџетските приходи. …Буџетот е прилично рационален и реален…Може да бидеме оптимисти“, рече Беџети.

Дали Владата ќе ја полни државната каса преку продажба на државно земјиште и преку најавените продажби на одредени непрофитни јавни претпријатија. Академик Беџети советува не е плодно време за тоа .

„Не мислам дека владата таа намера ја најави со цел за фискални придобивки,затоа што не е баш плодно време во период на криза да продавате такви асети . Но причината за тоа е лошото управување и лошиот менаџмент во тие ЈП во државна сопственост и тоа треба да се прави доколку постојат оптимални услови ….Значи не по секоја цена и не за создавање времено и за покривање дупки во Буџетот …“, рече Беџети.

Дали ќе бидат потребни нови задолжувања и дали тоа ќе удри врз грбот на граѓаните,Беџети одговара дека зачудувачки е што меѓународните институции посебно ММФ поттикнува поекспанзивни фискални политики. Извори на финансирање за наредната година има истакнува Академик Беџети

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •