декември 3, 2020

Албанските граѓани можат да влезат во Србија само со лична карта

Албанските граѓани можат да влезат во Србија без патни исправи, само со важечка биометриска лична карта, соопшти српската влада. Тоа е резултат на договорот за слободно движење на граѓаните, потпишан од двете земји на 9-ти ноември, како дел од регионалната иницијатива „Мини Шенген“.

Договорот ќе го олесни протокот на луѓе, стоки и капитал и понатаму ќе даде можност за развој на добрососедски односи меѓу земјите од Западен Балкан, соопшти белградската влада. Како дел од истата иницијатива, Србија, Македонија и Албанија потпишаа меморандум за соработка на 9-ти ноември.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •