декември 3, 2020

ФОТО: Боки 13 во суд прв пат од куќен притвор – дојде со бастун

Денеска Бојан Јовановски – Боки 13 од дома каде е во куќен притвор беше спроведен во Основниот Кривичен суд. Таму треба да се одржи рочиште за предметот познат како  „Меѓународен сојуз“.

На судење доаѓа по два месеци, откако беше и хоспитализиран поради итна операција на желудникот на 8 септември годинава. До судот одеше со помош на бастун.

 Боки 13 носи кожна јакна, кожни ракавици „шанел“ брош. Тој рочиштето го започна жестоко и побара изземање на судијката во процесот, затоа што како што вели Софче Гаврилова судењето го води пристрасно бидејќи била дел од судечкиот совет во случајот „Рекет“.

– И вие самата изјавивте дека со оглед дека сте биле дел од „Рекет“, веќе сте оформиле мислење, па не може да се очекува дека при донесувањето пресуда за Меѓународен сојуз, нема да бидете пристрасни – рече Јовановски.

Во „Меѓународен сојуз“, Јовановски е првообвинет и се товари за делата измама и перење пари. Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ и неговата асистенка Христина Блажевска, пак, се обвинети за помагање во овие дела, а експратеничката Фросина Ременски се товари за помагање во делото измама.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •