декември 2, 2020

Системот за контрола во јавните набавки мора да се подобри (видео)

Еден од детектираните ризици за корупција спореда анализата е и тоа дека во 40 отсто од мониторираните тендери била доставена само по една понуда.

Честите измени на плановите за јавни набавки, ниската реализација и нетранспарентноста се дел од ризиците за постоење на корупција во 37 акционерски друштва и јавни претпријатија основани од Владата, Град Скопје и општините Кавадрци, Гостивар и Струга, чии тендери спроведени во 2019тата година биле предмет на анализа на Центарот за граѓански комуникации.

Се јавува и сомнеж за договарање на фирмите со цел една на друга да си го препуштат добивањето на тендерот. Еден од детектираните ризици за корупција спореда анализата е и тоа дека во 40 отсто од мониторираните тендери била доставена само по една понуда.

– “ Малата концентрација на тендерите што укажува дека има дискрминација на пондувачите и тоа се рефлектира во тоа што просечниот број на понуди на тендерите кај претпријатијата изнесува 2.5 понуди по тендер наспроти националниот просек од 3.3 понуди по тендер. Понатаму, како ризици од корупција на кои треба да укажеме секако се концентрацијата на тендерите кај мала група од претпријатијата , понатаму кај одредени претпријатија забележавме голема примена на нетранспаретната постапка без објавување на оглас.” изјави Сабина Факиќ .

На презентацијата на резултатите од овој проект, финансиран од Холандската амбасада, преку онлајн врска беа вклучени вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кои кажаа дека работат на креирање на мерки кои ќе го намалат ризикот од корупција.

Шилегов рече дека само Град Скопје годишно спроведува 200, а заедно со претпријатијата под нивна ингеренција и до 1.000 постапки за јавни набаваки, што е огромна одговорност, без разлика што се набавува, но вели најважно е што постои политичка волја за искоренување на проблемот со корупцијата.

Извор: Канал 5 Тв

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •