декември 2, 2020

ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА НА СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ ИРИНЕЈ

Српската православна црква објави дека здравствената состојба на патријархот Иринеј се влошила.

„Имаше влошување на општата состојба на Неговата Светост Патријархот на Србија г. Иринеј, како последица на КОВИД -19. Постојаниот совет на лекари во присуство на лекари ја следи општата и клиничката состојба на Неговата Светост Патријархот на Србија г. Иринеј. Јавноста ќе биде информирана и понатаму за здравствената состојба на Неговата Светост“, објави СПЦ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •