декември 3, 2020

ПЕНДАРОВСКИ: КРИЗНА СОСТОЈБА НА ЦЕЛА ТЕРИТОРИЈА НА ДРЖАВАТА 30 ДЕНА (ВИДЕО)

Советот за безбедност и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на цела држава во траење од 30 дена, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски.

Шефот на државата оцени дека состојбата во земјата со Ковид-19 е исклучително сериозна. А состојбата не е поинкава, како што рече и во буквално сите земји и во Европа и светот, далеку полоша од пролетниот бран.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој беше повикан од Пендаровски да присуствува на состанокот, информирал за ресурсите во здравството и за организацијата за справување со пандемијата, додека премиерот Зоран Заев за севкупните активности и за политиките во другите ресори и можните опции.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •