декември 4, 2020

Марин во спорна постапка и среде корона набавува метларки од Кочо Анѓушев за пола милион евра

480 илјади евра или речиси 30 милиони денари вреди договорот за набавка на метларки кој градоначалникот на Аеродром Златко Марин го склучил со компанијата Брако на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Дека Марин ќе мете со метларките на Анѓушев за половина милион евра низ Аеродром потврдува и договорот кој е објавен на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Првата страница од договорот објавен на ЕСЈН

Но, за познавачите на постапките за јавни набавки паѓа во очи и тоа дека за оваа набавка немало меѓународна објава, иако согласно член 41 од Законот за јавните набавки, меѓународна објава е задолжителна за сите набавки на стоки со проценета вредност над 130 илјади евра во денарска противредност.

Известување за склучен договор објавено на ЕСЈН

Дали со прескокнувањето на оваа обврска од законот, директно не се влијае на можното зголемување на конкуренцијата, проценете сами.

Член 41 од ЗЈН

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •