декември 3, 2020

ЛЕВИЦА: НАШЕТО ДЕЛЧЕВО И ЗАБОРАВЕНИОТ ИСТОК ВО НЕКОЛКУ ТОЧКИ

  1. Делчево е градот во кој младите изгубија секаква надеж, град во кој денешите генерации не гледаат иднина.
  2. Делчево е место, во кое во последните 30 години освен парадирање на градските шерифи, ништо друго не видовме што ќе даде надеж дека градот има перспектива.
  3. Делчевските СДСМ и ДПМНЕ од локалните и државните институции во градот, направија партиски штабови со вработувања без основни критериуми и компетентност.
  4. Делчево е град на печалбарите, кои не се враќаат.
  5. Делчево е град во кој секој втор граѓанин има бугарски пасош – кој потенцираме, не означува националност, туку начин на егзистенција и преживување далеку од родното огниште.
  6. Делчево е град во кој работничката класа е доведена до робовладетелски стадиум – на невиден мобинг, 99 % од работниците во градот земаат минималец. Ова се проблеми, кои еден по еден, ќе ги ставаме на увид на јавноста.
  7. Делчево е град со негативен наталитет, град во кој повеќе од 15 години не функционира породилното одделение, додека градската амбуланта е на пат да остане без гинеколози, педијатри, интернисти…
  8. Делчево е градот во кој средното и основните училишта имаат повеќе на број професори и наставници отколку ученици.
  9. Делчево е градот за кој сите досегашни пратеници, а своевремено во ист период имаше двајца пратеника во собранието на Р. Македонија, кои за градот направија една голема нула.

10 Делчево е градот каде после изборна победа неканетите сватови од СДСМ и ДПМНЕ парадираат низ градот и слават уште едно иселување од истиот.

  1. Делчево е градот за кој сите досегашни влади не направија апсолутно ништо, град на кој властите се присетуваат само во време на избори.
  2. Делчево е градот од кој младите преферираат да пржат компири во Германија, отколку да ја бараат иднината дома.
  3. Делчево е градот во кој секоја грејна сезона се вклучува алармот за загаден воздух. Причината за тоа не е индустријата која речиси и ја нема во градот, туку сиромашниот народ кој се загрева со што ќе најде. А за да не биде се’ така црно како што е, ќе кажеме – добро е што се реконструираат улици и канализации. Тоа е нормално за 21. век, но, на нашето Делчево му треба многу повеќе, му треба визија и идеја за перспективност. СДСМ и ДПМНЕ тоа не го можат, тие освен голи политики, не се способни ништо друго да направат за градот, затоа ни’ останува да се вртиме во круг, или да се обидеме да направиме промена.

За жал, тоа е нашето Делчево, градот кој е во трка со времето да не се претвори во дом за стари лица, кои ќе ја чекаат староста сосема сами

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •