декември 3, 2020

Колку средства издвоија светските гиганти за спас на економијата по Ковид пандемијата?

За да ја зачуваат економијата, Владите и централните банки ветиле дека ќе издвојат 19,5 билиони долари од стартот на пандемијата, пренесува Меѓународниот монетарен фонд.

На дел од земјите им е потребно и повеќе од тоа, за спас од кризата, но не е сигурно дали ќе ја добијат. Во однос и на стимулативните мерки, Владите најавиле 12 билиони долари до септември, додека пак централните банки издвоиле најмалку 7,5 билиони долари, со цел да се намали влијанието на пандемијата врз економиите, вели ММФ во своето соопштение.

Во суштина, генерално економијата е во најлоша фаза и тоа од Големата депресија, и независно од тоа што се намалени дановите, се исплаќаат плати, се одобруваат заеми и се намалуваат каматните стапки. Сепак, економската активност и вработувањето се далеку под потребното ниво.

Со вкцините, се очекува да биде видно подобра состојбата со глобалната економија, сепак тоа не значи комплетно закрепнување од Ковид кризата.

Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, вели дека на земјите им претстои долго искачување што ќе биде тешко и полно со пречки.

Се претпоставува дека во САД се изгубени околу 10 милиони работни места поради пандемијата, додека земјите-членки на ЕУ се обидуваат да одобрат фонд за финансиска помош вреден 800 милијарди евра.

Според економистот Нил Ширинг од „Капитал економикс“, предвременото повлекување на фискалната поддршка претставува најголем ризик за економиите на краток рок.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •