декември 3, 2020

ДИМОВСКИ: Бугарите се осоколија по големите отстапки што ги направивме во Преспанскиот договор

За проблемот со Бугарија, мене клучно ми е која е политичката филозофија по која ние дојдовме до тука. Политичката филозофија според која ние дојдовме до тука е ека нашата држава беше виновн за блокадата од Република Грција. Ова меѓу другото го кажа поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, во вчерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, по официјалната блокада од бугарската страна.

„Нашата држава направи страшни отстапки, неприфатливи за мнозинскиот дел од граѓаните. Не можевме да очекуваме, ако вие, после 30 години вето од Република Грција, на крај им се заблагодарите, и потпишете договор во кој практично ги прифаќате сите нивни барања, не можете да очекувате дека некој друг нема да се осоколи и нема да го искористи моментумот и да рече – гледајте, кога се заблагодарувате за вето од 30 години, и вие глумите дека сте среќни со Преспанскиот договор, зошто и ние да не го пробаме ова. Тоа го направи бугарската страна“, рече Димовски.

Според него, многу површно се гледа содржината на преспанскиот договор. Мислам дека малку луѓе ја прочитале неговата содржина. Тоа е практично член 7, за идентитетот, каде се исцртани линиите на поделба, на сепарација на македонскиот идентитет. Таму се вели дека под маледонски идентитет тие разбираат едно, а ние друго, но ние прифаќаме дека нашето е различно, објаснува Димовски.

„По истата логика, бугарската страна сега вели – да, има Македонци, има Македонци и во Бугарија, ама не е тоа Македонци како што вие подразбирате. Сега Бугарија по истата логика вели, да, постојат Македонци, но во овој и овој контекст кај вас, а во овој и овој контекст кај нас. Ако ја прифатиме истата логика на идентитетско идентификување како во Преспанскиот договор, ние треба да ја прифатме и бугарската позиција. Тука е штетното наследство од Преспанскиот договор и зафаќањето на иднтитетските прашања“, објснува поранешниот пратеник.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •