ноември 30, 2020

Вирусот притиска, Македонија од петок во „кризна состојба“

Како што дознава Дојче веле, се очекува Советот за безбедност да препорача, а Владата да прогласи кризна состојба во наредните 30 дена. Армијата активно се вклучува во справувањето со пандемијата.

Голема е веројатноста дека од петок, на целата територија на земјата ќе биде прогласена кризна состојба. Таа ќе го отвори патот за целосен ангажман на Армијата, но ќе и овозможи на државата да ги користи и ресурсите на приватни компании и болници.ЗДРАВЈЕ | 31.03.2020

Куманово бара кризна состојба по теркот на Дебар

Бројот на заразени со Ковид-19 во Македонија го премина прагот од 50 илјади, а секојдневно расте и бројот на починати. Вчера беа регистрирани 1.406 новозаразени, а 21 лице починале. 

На повидок се нови рестриктивни мерки како одговор на рапидното ширење на заразата, поради што сите очи се вперени кон денешната средба во Вилата Водно, каде напладне кај претседателот Стево Пендаровски ќе се состане Советот за безбедност. Потоа не се исклучува можноста Владата да одржи седница на која ќе донесе нови мерки за справување со пандемијата. Како што дознава Дојче веле, се очекува Советот за безбедност да препорача, Управувачкиот комитет да предложи и Владата да прогласи кризна состојба во наредните 30 дена. Со тоа ќе се отвори можност Армијата и МВР активно да ги вклучат своите капацитети и медицински тимови за справување со опасниот вирус кој досега однесе 1.397 животи во земјата.

Сценарија

Се очекува Советот за безбедност денеска да препорача прогласување на кризна состојба, за што конечниот збор ќе го има Владата. Според најавите, одлуката која би се донесла би важела 30 дена, а за нејзино продолжение ќе биде неоходно да се изјаснат пратениците во Собранието.

Со ваквата одлука ќе може да се легализира целосната употреба на Армијата за справување со Ковид -19, ќе може да се обезбеди асистенција на МВР во јавната безбедност, а ќе се искористат и нивните ресурси во однос на медицинските тимови, транспортот, користење на армиските простории, магацини и слично.

Управувачкиот комитет треба да го замени Кризниот штаб. Тој е формално тело и сите мерки што се преземаат во кризна состојба ќе бидат на ниво на формалното тело. Во него ќе членуваат министерот за внатрешни работи, за одбрана, претставник од кабинетот на претседателот, членови на собраниска Комисија за одбрана и безбедност, како и член од најголемата опозициска партија во парламентот.

Како што дознаваме, ова тело ќе може да одлучува за користење на ресурси на државно ниво, на јавни претпријатија и установи, но и ресурси на приватни трговски друштва доколку се неопходни за справување со кризната состојба. Согласно законот за кризни состојби, ним е планирано да им се плаќа дневен надоместок до 30% од просечната плата.

За првпат кризна состојба во цела држава

На десеттата седницата, што ќе се одржи напладне во „Вила Водно“, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. Доколку биде донесена одлука за воведување на кризна состојба, тоа ќе биде за првпат да биде воведена таква рестриктивна мерка на целата територија на државата.

На почетокот на пандемијата, во услови кога беше распуштено Собранието, претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба. За повторно воведување, неопходни се гласовите на 80 пратеници. Кризна состојба во март беше прогласена во Дебар и Центар Жупа, каде со недели војската и полицијата вршеа проверки и го контролираа влезот и излезот на граѓаните.

Сега состојбата е повторно загрижувачка, но на целата територија на земјата, каде коронавирусот зема се’ поголем замав. За само една недела 172 пациенти го загубија животот поради комликации од коронавирусот. Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува зголемување на смртноста за дури 35 проценти во споредба со претходната недела. Со вчерашниот рекорд од 1406 заразени од Ковид-19, во Македонија бројот на заразени од почетокот на пандемијата надмина 50 илјади.

Извор: DW

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •