декември 3, 2020

(ВИДЕО) Се степаа пратеници во косовскиот парламент

Тепачка имаше денеска во косовското Собрание. 

Членови на Парламентот денеска физички се пресметаа за време на седницата на која се разговараше за исчезнатите лица.

Ситуацијата стана тензична пред крајот на седницата, додека пратеничката на Самоопределување, Сарада Богујевци, која беше иницијатор на седницата, се обраќаше на говорницата.

Заменичката на претседателот на Собранието на Косово, Арберија Нагавци, неколкупати ги предупредуваше пратениците да седнат за да продолжи седницата.

Пратеникот од редовите на Самоопределување, Димал Баша го обвини вицепремиерот на Косово, Дритон Селманај за тепачката. 

И претходно во Собранието на Косово имало слични инциденти. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •