декември 3, 2020

(ВИДЕО) Пендаровски: Во Договорот нема ниту една буква, која вели дека мора да преговараме за тоа дали јазикот на кој сега зборувам е македонски или не е

Вчерашната вест од Брисел сите ја примивме со големо разочарување. За жал, точката за отпочнување на преговорите на СевернаМакедонија со ЕУ од страна на германското претседателство беше помината само информативно и не беше донесена никаква одлука, вели претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Кога во 2017-та со Република Бугарија го потпишавме Договорот за добрососедство и пријателство, се чинеше дека постои јасно изразена политичка волја на двете страни да се имплементира договорот, според неговата содржина. Сега, истата политичка структура којашто стои зад потпишувањето на Договорот, излегува од неговите рамки и оди во спротивна насока од основните Европски принципи и вредности- вели Пендаровски.

ВИДЕО

Ова го порачува претседателот Стево Пендаровски во интервју за австриската ORF TV во кое зборува за ветото од Бугарија и за барањата на источниот сосед кон земјава.

-Никаде во Договорот од 2017 нема ниту една единствена група, а не член, не пасус, не преамбула или како било дел кој зборува дека ние треба да дебатираме во рамки на тие билатерални разговори за етничкото потекло на нас Македонците. Нема ниту една единствена буква, дел, артикл, член, што било, кој вели дека ние мораме да преговараме со бугарската страна за тоа дали јазикот на кој сега јас зборувам со вас е македонски или не е– вели Пендаровски.

Во однос на Договорот за добрососедство тој порачува и дека не може држава од позиција на земја-членка на ЕУ да наметнува услови и да кажува како треба да се чита историјата или како да се толкуваат одредбите од Договорот.

-Вие не може да обвинувате дека не го почитуваме Договорот, а во исто време да додавате барања кои, освен што излегуваат од здравиот разум и одат наспроти базичните демократски вредности, просто не се содржани во Договорот. Значи, едно е ако некој не го имплементира Договорот, и јас велам дека во тој дел квалификацијата би била дека во некој аспект имаме успорување на тој Договор, посебно во дело на комисијата за историчари, и се разбира тоа е и наш интерес да го динамизираме. Меѓутоа, не може да зборувате за неисполнување на одредби од Договорот ако зборувате и го оспорувате моето право на етничка и национална самоидеинтификација бидејќи такво нешто не е содржано во Договорот. Не може да не се исполнува нешто што воопшто не е потпишано во 2017- вели Пендаровски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •