ноември 29, 2020

Вето за Македонија ама и вето за самата ЕУ

Принципот на заеднички конзенсус ја блокира и самата ЕУ и го замрзна усвојувањето на нејзиниот иден буџет.

Со вчерашното вето на Унгарија и Полска во усвојувањето на идниот буџет 2021-27, Европската Унија се најде заробена како последица на сопствениот одлучувачки механизам.

Имено, како и во случајот со отворање на преговори со Македонија, каде царува принципот на конзенсус на сите 27 држави членки , така и во многу други домени на Европското законодавство е неопходен тој принцип. Како последица на тој “едногласен “ феномен , ЕУ сега се наоѓа во блокирана ситуација, каде усвојувањето и имплементацијата на нејзиниот буџет е на ниво на статус кво.

Со самото вето од споменатите држави членки, се блокирани буџетот во износ од астрономски 1074 милијарди евра како и планот за обнова од 750 милијарди евра.
Иако голем дел од овие финасиски средства се наменети и за Полска и за Унгарија, сепак нивните владини преставници остро и бескомпромисно се залагаат најпрво за зачувување на националните суверени права и не подлегнување на уцените однадвор.

Која е причината за полското и унгарското Нјет на ЕУ?

Едни од причините е, “непочитување “ на правната држава и реформи кои не се совпаѓаат со политиките на ЕУ.

Проблемите поврзани со миграцијата и мигрантите, силното позиционирање на ЛГБ лобито, како и губење на сувереноста во донесување на сопствена национална стратегија, го надополнуваат јазот на раздорот.

Притисокот под кој се подложени министрите на овие две земји од Вишеградската група, која впрочем ги вбројува и Чешка и Словачка, е навистина огромен и подразбира спремност, готовност и желба да се одолее на истиот.

Во скоро повеќето формални и неформални средби на унгарскиот премиер Виктор Орбан како и на полскиот преставник Матеус Моравиетцки со високи ЕУ преставници , постојано се потенцира принципот на уцени, заробеништво и примена на двојни аршини. Хегемонијата на големите сили, како Германија и Франција на сметка на помалите , предизвикува одбивност и робување на едни исти интереси.

Сепак одлучноста и истрајноста на овие две држави од Вишеградската група е за истакнување во контекст на преовладување на националните интереси на сметка на европските.

Мешањето во сувереноста и диктатот на големите држави , повеќе нема да се толерира .

Што се однесува пак за техничкиот дел од неусвојувањето на ЕУ буџетот за 2021-2027 година, тоа подразбира, само финансиски средства за најнеопходните работи во висина од 1/12 од актуелниот буџет за 2020 година , кој ќе биде повторуван секој месец се до “конечното” усвојување .

Патем за да конечно се усвои буџетот, неминовни се неколку етапи, како заеднички едногласен конзенсус на Советот на Министри, гласање во ЕУ Парламентот и на крајот одобрување и од националните државни парламенти на 27 членки.
Тоа пак во најскептичната варијанта подразбира , и под услов да се согласат на министерско ниво, препреката од неприфаќање на национално парламентарно ниво е се поизвесна, знаејќи го односот и ставот на партиските политички сили .

Вето за Македонија ама и вето за самата ЕУ.

Автор: Драган Стоиловски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •