ноември 27, 2020

Адвокатот на Трамп толку многу се испоти што бојата на косата почна да му се слева по лицето (видео)

РУДИ ЏУЛИАНИ, адвокат на Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, зборуваше за претседателските избори во САД, кои ги нарече голема измама. За време на неговиот жив монолог, тој го спомена и популарниот криминален филм од 90-тите години, „Мојот братучед Вини“, и во еден момент дури и глумеше сцена од филмот.

Видно возбуден, Руди започна да се поти за време на говорот, а потоа бојата на косата почна да му се слева по лицето. Видеото наскоро започна да се шири на социјалните мрежи, а корисниците на Твитер се смееја на оваа ситуација и ова служеше како инспирација за многу мемиња. Ова е само една во низата ситуации поврзани со американските избори кои станаа хит на социјалните мрежи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •