декември 5, 2020

Шаќир Фетаху избран за прв човек на ИВЗ

„Денес е одличен ден за сите муслимани во Република Македонија, денес победи ИВЗ, денес победивме сите, човечкото и конструктивното. Од денес, имаме голема доверба и одговорност да го претставиме исламот во неговиот оригинален и традиционален дух“, рече Шаќир Фетаху, новоизбраниот претседател на ИВЗ.

„Нашиот пат ќе биде знаење, транспарентност и неуморна работа во служба на верниците и граѓаните. Тоа ќе биде ИВЗ која со мудрост ќе одговори на сите предизвици што ги носи времето“, додаде Фетаху.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •