декември 3, 2020

Уставен суд: Поништената аболиција на Иванов е законска и уставна

Уставниот суд одлучи дека повлечената аболиција на Ѓорге Иванов е законска и Уставна. Со 5 гласа – за и 3 – против, уставните судии донесоа одлука дека помилувањето кое Иванов го даде па го повлече е уставно.

Судијата известител за овој случај, посочи дека не смее на граѓаните да им се скрати правото да побараат повлекување на помилување доколку сметаат дека својата невиност можат да ја докажат во Суд.

Нејасно е како тоа Уставниот суд потврдил дека повлекувањето на аболициите е уставно, кога давањето аболиција се случи пред да биде донесена измената на законот за помилување со која се дозволи повлекување на дадена аболиција. Уставот на РМ не познава ретроактивност на закони кога тие се полоши за граѓанинот.

Оваа одлука на уставниот суд значи дека веќе не постои правна пречка на обвинетите од поранешното СЈО да им се суди бидејќи најголем дел од нив се повикуваа токму на фактот што дадена аболиција не може да се повлече и не може да се поништи.

Инаку во 2016 година Ѓорге Иванов амнестираше од вина 56 лица кои беа дел од истрагите на СЈО. По силните реакции на јавноста и меѓународниот фактор, аболицијата ја повлече и сѐ до денеска обвинетите во судница тврдеа дека поништената аболиција нема законска основа, факт кој денеска го поби Уставниот суд со одлука дека поништената аболиција е законска и уставна.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •