ноември 28, 2020

Стојко Стојков ОМО Илинден: „Комунизмот во Бугарија падна но не и политиката против македонската нација.“

ИНТЕРВЈУ со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден ПИРИН, Вонреден професор по истириски предмети на Универзитетот Гоце Делчев – Штип и истакнат борец за правата на  Македонците во Бугарија.

И пред и по Советот на министри за надворешни работи на државите членки на ЕУ нема никакво поместување или приближување на ставовите меѓу Македонија и Бугарија. Г Стојков како истакнат борец за правата на македонското малцинство во Бугарија, како гледате на ветото за европската иднина на Македонија?

-Како на нешто очекувано и одамна најавено. Ако има нешто за кое Македонија нема право да ѝ се лути на Бугарија, тоа е дека последната своја антимакедонска намера ја има некако криено. Блокадата на еврочленството на Македонија и злоупотребата со позицијата член за да се постават националистички ултиматуми беше најавена на безброј начини. Секој кој барем малку ја следеше бугарската јавна мисла, знаеше дека тоа е гарантирано. Нема член во било која македонска организација во Бугарија кој да имал и трошка сомнеж по тоа прашање. Го кажуваме со години. И ако за македонската јавност, која не ги следи случувањата во Бугарија, бугарското вето може да е и изненадување, какво е извинувањето на македонската политичка класа за тоа? Последниот член на ОМО „Илинден“-ПИРИН би завршил подобра работа по однос на Бугарија од сите министри за надворешни работи на Македонија заедно. И тоа не го сметам како комплимент за нашите членови.

Речици целиот политички бугарски врв е обединет во искривувањето на историската вистина за Македонија, на што се должи тоа?

-Тоа е последица од 50 годишна организирана сеопфатна политика започната од Тодор Живков во раните 1960-ти години. Нејзината цел е елиминирање на македонското малцинство како политичко прашање и објективна реалност од една страна и редефинирање на македонската нација на пробугарска основа. Создавањето на единствена позиција по македонското прашање е постигната со голем напор, вклучително елиминирање од политичкиот, научен и општествен живот на секој кој не ја подржува ова линија. Таков беше случајот со мајката на поранешниот премиер Сергеј Станишев – Дина Станишева, која изгуби работа и научна позиција затоа што како филолог признаваше македонскиот јазик. Тоа се случуваше на сите нивоа последните 50 години. Секое отклонување од оваа линија ви носи етикетата национален предавник. Комунизмот во Бугарија падна но не и политиката против македонската нација. И сега Бугарија има вице-премиер, соработник на службите за безбедност имено по македонското прашање. Но и без него во владата, пак ништо немаше да е различно. Оваа политика го опфати и народот и сега мнозинството верува во пропагандата што му се сервира и подржува ултиматум и вето против Македонија.

Дали бугарските властодржци навистина не се свесни за случувањата во минатото или во позадина се крие нешто друго. Што е тоа?

-Тие живеат во 50 години во својата ехо-чемер и антимакедонизмот се претворил во дел од националната идеологија на Бугарија. Политичкиот врв ги отстрани сите научници што го признаваа македонскиот јазик и се погрижи само негови негатори да прават научни кариери. Истото стана и во историјата и т.н. И сега кога политичарите бараат совет од своите научници тие ја добиваат лагата што нивните претходиници ја имаат поставено таму. Го труеја народот со децении со антимакедонска пропаганда и сега народот бара од политичарите да ја наметнат „бугарската вистина“ на Македонија. Паднати се во сопствената стапица, веруваат во сопствената пропаганда и се заложници на сопствените лаги. Бугарската елита е израсната со програмите за патриотско воспитување на младината, клучен момент во која беше дека сѐ македонско е бугарско. И да се свесни некои од нив дека е тоа лага, што им останува освен да продолжат да лажат?

Очигледно стравот е голем од постоењето на македонскоо малцинство во Бугарија. Нашите браќа како што тие милуваат да не нарекуваат, бараат Македонија не знам по кој пат, да се откаже од македонското малцинство. Колку Македонци живеат во Бугарија и дали уште се применуваат познатите бугарски методи за асимилација на Македонците во Бугарија?

Целото интервју на

slobodenpecat.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •