декември 3, 2020

Неизвесно дали пратениците ќе можат да одлучуваат онлајн, власта и опозицијата со непроменети ставови

Дали и кога пратениците кои се во изолација или со Ковид-19 ќе можат да се вклучат во работата на Собранието сè уште не се знае, имајќи предвид дека претседателот на законодавниот дом кој го поднесе предлогот за дополнување на Деловникот за работа на парламентот сѐ уште не го ставил на пленарна седница. Пратеничките групи се поделени во ставовите дали народните избраници онлајн треба да се вклучуваат во работата на Собранието и комисиите.

Се очекува денеска претседатеот на Собранието Талат Џафери да се сретне со координаторите на пратеничките групи и уште еднаш да разговара за можноста за прифаќање на овој предлог.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •