ноември 26, 2020

Мицкоски обвини за цензура: Требаше да гостувам на Телма, но гостувањето е откажано

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини за цензура. Како што напиша тој на фејсбук. утре требало да гостува на телевизија Телма, меѓутоа, како што вели, бил известен дека гостувањето е откажано. Тој тврди дека бил известен дека „уредништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија“.„Причините може да се претпостават. Ова е само приказ за еден брутален недемократски атак кој има функција да го прикрие стравот на Заев и власта и да ја замолкне опозицијата. Три години измислуваат, констриураат, напаѓаат и лажат, а сега и ме цензурираат. Но тоа нема да ме спречи да продолжам да ја говорам вистината, да ги поддржувам новинарите кои ја сакаат вистината и да бидам на страна на народот. Некој сака земја во која нема опозиција. Но нема да престане да има луѓе кои мислат со своја глава. Најголем доказ дека власта е изгубена, ранлива и дезориентирана. Жалам, но не повеќе!“, вели Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •