декември 5, 2020

Како Јапонците остануваат фит до крајот на животот а никогаш не посетуваат теретани?

ЈАПОНИЈА е земја која е лидер во долговечноста и има многу ниска стапка на дебели луѓе, само 4,3 проценти. Она што може да ве изненади е фактот дека паузата за ручек ретко се користи за вежбање, згора на тоа, малкумина Јапонци имаат членство во теретана.

Во неодамнешното истражување на Ракутен Инсајт, спроведено на 1.000 Јапонци на возраст од 20 до 60 години, околу половина од испитаниците признале дека вежбале малку, околу еднаш месечно, дури ни толку. Тие како причина за ова, најчесто го наведуваат недостатокот на време или фактот дека не го доживуваат вежбањето како свој животен стил или не го сакаат вежбањето воопшто. Како е можно тоа? Многу едноставно. Јапонците не сметаат дека одењето во теретана е единствениот начин да се одржат во форма. Едноставната, достапна и бесплатна активност – одењето – е вткаена во нивниот животен стил. Возрасните Јапонци прават просечно 6.500 чекори на ден. Возрасните мажи на возраст од 20 до 50 години одат 8.000 чекори на ден, а жените на иста возраст 7.000.

Јапонците се особено познати по нивната култура на одење. Повеќето Јапонци живеат во проодни градови каде е достапен јавен превоз, а многу домаќинства не поседуваат автомобили. Последица на тоа е одењето пеш до работа, до продавница, до училиште,… Тоа е активност што секоја генерација ја прифаќа секој ден – одењето е како дишење. Она што можеме да го научиме од Јапонците е дека не мора да трошите многу пари или време за да се стекнеме со добра форма. Само одете малку повеќе секој ден.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •