декември 2, 2020

Им чадат главите и на учениците и на професорите – за два дена мора да бидат спуштени оценките

Оние што се солидни учат од 7 сабајле до полноќ и пак не стигнуваат да совладаат сè за следниот ден. Сите професори оценуваат и усно и писмено, наеднаш, раскажува средношколка

По две писмени на ден и уште по толку испитувања, плус есеи, проекти, презентации, домашни… Вакво стресно секојдневие овие две недели минуваат средношколците во земјава. Со барањето од надлежните оценките за првото тромесечје да бидат запишани до 20 ноември, рокот на оценување се сведе на две недели. Учениците одговараат на материјал по одредени предмети и по педесетина страници предадени во еден месец, наместо во двата вообичаени месеци кога училишната година почнуваше на 1 септември. Исцрпени се, под стрес, под притисок, имаат главоболки. Во успехот потфрлаат и солидни ученици, време за поправки нема, а препишувачи успеваат да добијат понекоја добра оценка.

Петките стануваат тројки, а тројките петки

– Оние што се солидни учат од 7 сабајле до полноќ и пак не стигнуваат да совладаат сè за следниот ден. Сите професори оценуваат и усно и писмено, не во десет работни дена, туку во девет зашто во петок, на 20 ноември, оценките треба да бидат заклучени. Во еден ден правите писмена по физика, а ве испитуваат по македонски јазик и географија, сите предмети со материјал по 50 страници како за колоквиум. Следниот ден писмена по историја, испитуваат по хемија и англиски – вели Весна Николовска, средношколка од Битола.
Има и ученици што не учат доволно, користат ливчиња за препишување, компјутерски програми за допишување за време на писмените. Некои ги решаваат тестовите, а откако од компјутер повратно ќе ги добијат точните одговори, им ги препраќаат на соучениците. Професорите, свесни за сето ова, стануваат поригорозни во тестовите.

– Ни даваат тестови со препознавање, навидум лесни. Но се случува да бидат прашања за не толку значајни работи од материјалот или, пак, од делови насловени како „дознај повеќе“. Наместо да знаеме кои се реките во одредена област, одговараме колку се на број. Додека одговараме постојано добиваме предупредувања: не гледајте лево, не десно, читате… – раскажува средношколец од Велес.
Скратените рокови предизвикуваат стрес и кај професорите. Тие сметаат дека треба малку да се забави имајќи предвид дека има болни професори, ученици, родители. Предлагаат измени во оценувањето, по можност само една полугодишна оценка.

Да се забави со оценувањето, предлагаат професорите

– За многу краток рок успешно се вклопивме во наставата од далечина. Сепак, кога сме исправени пред обврската да ги оцениме учениците до 20 ноември, наидуваме на проблем. Учениците добиваат задолженија да изработат презентации, есеи, квизови, тестови, да се научат лекции, а со цел да се испочитува дадениот рок. Кое дете реално може сето ова да го постигне без страв и паника?! 

Целиот текст на

fakulteti.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •