ноември 26, 2020

Заев: Да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти

Дали Заев е спремен да попушти пред барањата на Бугарија?

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Недонесувањето одлука на состанокот во Брисел е пораз за идејата на ЕУ, но во исто време е потврдено во изјавата на претседавачот, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот дека до декември постојат уште можности, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

  • Tреба да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти, да дојдеме до решение, наведува Заев во фејсбук-објавата.

Тој потенцира дека во вакви ситуации „е многу лесно да се удираме во гради, но нашата намера е да бидеме рационални и да ги придвижиме работите според очекувањето на нашиот народ, а тоа е да чекориме и понатаму кон ЕУ“.

Од оваа изјава се наслутува дека Заев е спремен да попушти пред барањата на Бугарија, зборувајќи за тоа да се биде рационален.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •