ноември 28, 2020

Џафери достави предлог измени на Деловникот за да се овозможат он – лајн седници на Собранието

Последните информации од Собранието се дека во моментов шестмина пратеници се спречени да дојдат на работа поради  коронавирусот.

Мораме да обезбедиме функционално Собрание во услови на коронакризата, вели претседателот на парламентот, Талат Џафери откако вчера достави предлог за измени на собранискиот Деловникот со кои што ќе се овозможи пратениците да може и онлајн да учествуваат во седниците.

Џафери предлогот е доставен до сите пратеници и очекува нивна поддршка.

Но, засега поддршка има само од парламентарното мнозинство, кое и претходно бараше онлајн седници. Додека опозициската ВМРО ДПМНЕ останува на ставот дека таквиот начин на работа на законодавниот дом е противуставен.

За предложените измени да станат дел од Деловникот е потребно обично мнозинство, што значи дека многу веројатно пратениците ќе добијат можност за онлајн присуство на седниците.

Последните информации од Собранието се дека во моментов шестмина пратеници се спречени да дојдат на работа поради коронавирусот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •