декември 2, 2020

Шахпаска: Недела треба да е ден за одмор и за семејството

Министерството за труд и социјална политика побара согласност и предлози од Незаисната угостителска комора за владината иницијатива недела да биде прогласена за неработен ден.

Нашето Министерство е задолжено да изготви законско решение, поради што изминативе денови имаме со претставници на сите засегнати страни, синдикатите, стопанските комори, со организациите на работодавачи, со цел да се најде најдоброто решение, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска по средбата со Независната угостителска комора.

„Иницијативата недела – неработен ден која треба да биде преточена во законско решение е со цел денот недела биде ден за семејството, во насока на негување на традиционалните вредности. Исклучоци секако дека мора да има, за дејностите кои се од витално значење и од кои зависи функционирање на општеството”, вели Шахпаска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •