декември 2, 2020

Царовска: Нема причина зимскиот распуст да почне порано

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, вели дека нема причина зимскиот распуст да почне порано, бидејќи засега нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата.

-За да има логика да се скрати наставата и распустот да почне порано, треба да се приложат аргументи вели таа.

Според последниот извештај бројката на активни случаи на наставници кои биле со физичко присуство на настава е 280.

Царовска ги негираше тврдењата на СОНК дека во моментот има над 1 000 заразени наставници.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •