ноември 28, 2020

Толку од добрососедството и наводната поддршка: Бугарија и официјално стави вето за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ

Бугарија и официјално стави вето за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева потврди дека Бугарија не ја одобрила преговарачката рамка за Македонија на денешниот состанок на Советот за општи работи на Европската унија. За да почнат пристапните преговори со ЕУ, сите 27 земји мора да се согласат за содржината на преговарачката рамка.

Захариева, на брифинг со бугарските новинари по видеоконференцијата со колегите од ЕУ, кажа дека Бугарија не ја одобрила рамката за Македонија затоа што не ги одразува бугарските барања, вклучувајќи ги оние за македонскиот јазик и македонското малцинство.

„Можеме да ја одобриме преговарачката рамка за Албанија, бидејќи сметаме дека тие исполнија голем дел од поставените услови. Бугарија, во оваа фаза, не може да ја одобри преговарачката рамка за Македонија“, изјави Захариева.

Според бугарската министерка, не е постигнат забележителен напредок при исполнувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година.

„Ние имаме три основни услови – придржување кон формулата за јазикот од 1999 година, распоред на активности како ќе се исполнува договорот, како и дека нема да поддржуваат претензии за македонско малцинство во Бугарија. Овие услови сè уште не се вклучени во преговарачката рамка“, кажа Захариева.

Таа вели дека Бугарија е отворена за преговори и наоѓање решение, но се потребни компромиси од двете страни.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •