ноември 27, 2020

Заев не гледа причина за средба со Мицкоски поради ситуацијата со Бугарија

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во ТВ21 истакна дека Христијан Мицкоски води неразумна и неодговорна политика и токму затоа, како што рече не гледа потреба да разговара со него за ситуацијата со Бугарија.

-Го гледам Мицкоски, зборува за малцинствата, па што направија 11 години за тие малцинства, каква е таа хипокризија? Ние според Устав не можеме да се мешаме во внатрешни работи на друга држава. Тоа е наша уставна определба, тоа е определба според Договорот, немаме претензии према ниту еден сосед, исто и малцински претензии кон ниту еден сосед. Бугарија нека си го користи терминот македонски јазик спроед Уставот на Македонија, но тоа не може да биде став на ЕУ – рече Заев.

Според него, Мицкоски гледа како да заработи политички поенти покажувајќи националистички мускили.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •