декември 2, 2020

Горан Сугарески: Гадно се лаже тој што мисли дека ќе се откажеме од идентитетот и јазикот

Горан Сугарески, поранешниот министер за транспорт и врски, денеска на својот профил на Фејсбук излезе со реакција за извесната блокада од страна на Бугарија за преговарачката рамка, без чие одобрување на денешниот Самит на министри, Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ.

Поранешниот министер од актуелната власт, кој во моментов не остварува државна функција, тврди дека Македонија нема никаква вина во односите со Бугарија, додека пак од таму тврдат дека нема напредок во Договорот за добрососедство.

„Срамна и целосно погрешна е блокадата која денеска ја добива македонската држава од Бугарија. Немаме буквално никаков кабает. Повеќе е од јасно кој го прекрши договорот за пријателство. Ако било кој се надева дека ќе ни го одземе чуството на припадност Македонец кој зборува Македонски јазик, многу гадно се лаже. Тоа никогаш нема да се случи“, напиша Сугаревски на својот профил на социјалните мрежи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •