декември 1, 2020

Владата му додели на Град Скопје 120 милиони денари за реконструкција на Универзалната сала

Владата денеска ја донесе и Одлуката за одобрување на 120.000.000 денари (2 мил. евра) од буџетот кои ќе бидат неповратна финансиска помош за Град Скопје за реконструкција на Универзална сала.

Покрај тоа, од владата соопштија дека со цел намалување на времетраењето на превозот на патниците и намалување на загадувањето на воздухот, се воведува проектот „Брз автобуски превоз во Град Скопје“, кој опфаќа воспоставување на две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите.

Исто така, Владата донесе заклучок со кој се препорачува висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од работа на вработени лица кои имале контакти со заразени лица, а кои се вработени во  приватниот сектор и се во самоизолација,  да се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •