ноември 28, 2020

Бујар Османи бара трпение во процесот на ЕУ приближувањето (видео)

Денеска се пропушти шансата за усогласување на преговарачката рамка, следната е на состанокот на Советот за општи работи во декември, никако не можеме да се откажеме, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи по бугарското вето.

– Разговорите продолжуваат уште од денеска со цел да најдеме начин  да ги надминеме овие разлики во рамки  на позициите што ги има и ги прокламира државата.  За нас е важно да има меѓувладина конференција во декември, за да се исполнат предусловите имаме две можности. Едната е усогласување на рамката во ноември, втората е усогласување на рамката во декември, бидејќи има два совета за општи работи – едниот во ноември, едниот во декември. За жал, денеска се пропушти таа можност да се потврди европската приказна не само на државата, туку на целиот регион и мислам дека ова значително ќе влијае на кредибилитетот на ЕУ – изјави Османи.

Како што вели тој, Бугарија треба да даде согласност не само за првата меѓувладина конференција, туку уште 130 пати во текот на преговорите се до полноправно членство.

– Општеството мора  да навикне на тежината на процесот. Ние работиме овие три години за да стигнеме до можноста за одржување на меѓувладината кокнференција. И тоа ние сме свесни бидејќи бевме сведоци на тежината на тој процес, но никако не можеме да се откажеме, ние немаме алтернатива. Затоа ние продолжуваме уште од денеска, да ,пропуштена е едната шанса денеска, меѓутоа ја имаме втората шанса на 9 декември кога е Советот, бидејќи се уште има простор дококу има усогласување на рамката да има меѓувладина кокнференција  во декември, што е за нас исклучително важно – истакна Османи.

Извор: Тв Сител

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •