декември 5, 2020

АПЕЛАЦИЈА ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА НА ЃОКО ПОПОВСКИ ОД 9 НА 5 ГОДИНИ ЗА СЛУЧАЈОТ „ТРИСТА”

Затворската казна на поранешниот помошник министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Пoповски е намалена од девет на пет години. Одлуката ја донеле апелациските судии кон крајот на минатата недела и за ТВ24 ја потврди судијата портпарол на Апелација, Татјана Дукоска.

Не е објавена на веб сајтот на судот и според образложението од Дукоска се одлучувало само за висината на казната По две години ова е втор пат Апелација да одлучува  за случајот „Триста”. Првиот пат во 2018-та година ја укина поради пропусти во постапката и ја врати на повторно судење.

Првостепената пресуда и првиот(22 мај 2018) и вториот пат(22 октомври 2019), од девет години затвор во Кривичен суд ја донесе судијката Добрила Кацарска, која наскоро треба да стане уставна судијка. Инаку Ѓоко Поповски е првиот функционер кој заврши во затвор.

Случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се однесуваше на набавка на 300 возила за потребите на МВР. Според обвинението, со оваа набавка буџетот бил оштетен за 453.570 евра.

Поповски беше единствен обвинет. СЈО во текот на судењето тврдеше дека тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •