декември 3, 2020

Награда за Заев од Берлин – меѓу заслугите и договорот за добрососедство со Бугарија

Премиерот Зоран Заев утре во Берлин  ќе ја  прими наградата за човекови права за 2020 година. Наградата  се доделува за посебни достигнувања. Во случајов,  меѓу нив  е  и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија,  Договорот од Преспа со Грција, членството во НАТО и одлуката на ЕУ за почеток на преговори со Македонија. 

Наградата ја доделува Фондацијата Фридрих Еберт ,  а на премиерот Заев ќе му ја врачи  министерот за надворешни на Германија, Хајко Мас.

Премиерот Заев, во Берлин ќе има средба и со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој претседава со Советот за општи работи на ЕУ на чие заседание во вторник треба да се усвои Преговарачката рамка за Македонија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •