декември 1, 2020

Крешник Бектеши: Хотелите на Шапка одат под директна приватизација, следната година јавен повик

Крешник Бектеши, министерот за економија, денеска најави дека следната година ќе биде објавен јавниот повик за приватизација или преземање под јавно-приватно партнерство на туристичкиот центар на Елем Турс на Попова Шапка.

– Ние уште пред кризата ги завршивме подготовките за физибилити студијата и due diligence , но не само таму, туку и на сите објекти на Елем Турс, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот потврди дека е испратена понуда до Косово за заеднички настап во барањето на партнер, а доколку не пристигне одговор, Македонија ќе продолжи сама понатаму.

– Следната година ќе следува јавен повик за ски-центарот за целосна приватизација или јавно-приватно партнерство. Елем Турс тука има хотелски објекти, кои пак ќе одат во директна приватизација, наведе Бектеши.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •