декември 4, 2020

Каракачанов: Македонија ги учи младите дека Бугарите се фашисти и убијци, тоа не е пријателство

Каракачанов обвини дека македонската страна продолжува да води антибугарска политика и дека не направила чекор напред кон приближување на позициите за отворените прашања со Софија

На 17 ноември, кога е закажан состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите за членство на Македонија, порача бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во гостување на бугарската телевизија Канал 3.

Според Каракачанов, македонската страна не направила чекор напред кон приближување на позициите за отворените прашања со Софија.

„Јас сум подготвен и на Божиќ да работам и да преговараме на Бадник и Нова година. Ако до 31 се подготвени да ги прифатат нашите позиции, нема проблем. Но, во моментов, јас не гледам никакви индикации дека во Скопје имааат желба да седнат и искрено да разговараат за проблемите. Не може да настапуваат со аргументи ‘ама ова е нашиот идентитет’. Чекајте, тоа е ваш идентитет, но измислен“,

вели Каракачанов.

Каракачанов обвини дека Македонија води антибугарска политика образувајќи генерација по генерација млади луѓе во омраза кон бугарскиот народ. 

Според него, политичката елита во земјата продолжува да води политики кои ја оддалечуваат од европската заедница.

„И денес, градоначалникот на Скопје, кој е од партијата на господинот Заев, прави обиколка на историските стапки на Јосип Броз Тито“,

рече Каракачанов.

Тој рече дека Бугарија прави сѐ што е возможно Македонија да влезе во ЕУ, а според Договорот за пријателство, како што вели, требаше да има компромис за историјата.

„Зошто е толку важна историјата – затоа што тие уште од најмала возраст ги воспитуваат граѓаните дека Бугарите се фашисти и убијци, тоа не може да биде акт на пријателство. Гледаме дека договорот се исполнува со бавно темпо“,

рече Каракачанов.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •