ноември 26, 2020

Изетбеговиќ го изгуби Сараево, Додик, Бања Лука

Две од три владејачки партии во Б и Х ги изгубија локалните избори во главните градови Сараево и Бања Лука

Промена на политичката сцена во Босна и Херцеговина.

Двете долгогодишни владејачки партии СНДС на Милорад Додик и СДА на Бакир Изетбеговиќ, изгубија во Бања Лука и во Сараево.

Како што веќе објавивме, во Бања Лука победи опозиционерот Драшко Станивуковиќ, кој ќе биде новиот градоначалник на овој град.

Во Сараево на локалните избори победа однесе опозициската коалиција и со тоа за првпат од осамостојувањето овој град нема да биде во рацете на СДА.

Бакир Изетбеговиќ го призна поразот и објави дека нивните кандидати изгубиле во три од 4 сараевски општини.

Дојде до промени, рече Изетбеговиќ. Не се тоа некои тектонски промени, но сепак се промени, кажа тој.

Од своја страна пак, Милорад Додик им забележа на бањалучани дека не биле фер и дека направиле грешка што не го избрале нивниот кандидат за градоначалник.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •