декември 5, 2020

Зоран Заев вечерва од Берлин потврди дека не очекува добри вести

Македонскиот премиер Зоран Заев вечерва од Берлин потврди дека не очекува добри вести од утрешниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел и почеток на преговори. Решение со Бугарија ќе се бара во декември.

ЕУ на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи нема да одобри одржување на Меѓувладината конференција со Република Македонија поради блокадата на Бугарија. Надежите сега се селат следниот месец, во декември, доколку дотогаш се најде решение на историскиот спор кој го наметнува Софија. Веста од Берлин попладнево ја соопшти премиерот Зоран Заев во дебатата откако ја доби наградата на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

„Веројатно утре нема да добиеме добри вести од Советот за општи работи во Брисел“, рече Заев, дополнувајќи дека разговорите со Бугарија ќе продолжат и во наредниот период, па надежта е дека до решение ќе може да се дојде уште во текот на декември.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •