декември 1, 2020

Додека Захариева зборува за Тито, европратеникот од ГЕРБ Јорданов обвинува: Москва преку Каракачанов ја попречува Македонија за влез во ЕУ

Уморен сум од тоа да имаме политичари во Бугарија кои велат едно нешто наутро, а спротивното попладне, изјави поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија Александар Јорданов.

Од минатата година Јорданов е европратеник во Европскиот Парламент од коалицијата предводена од ГЕРБ на Бојко Борисов. Односно тој е од иста коалиција со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева. Јорданов е и поранешен Претседател на бугарското Собрание.

Јас го давам примерот со Красимир Каракачанов, кој пред две години рече: Ја признавме земјата со тоа име, го признавме и македонскиот јазик, рече поранешниот шеф на парламентот.

Да ве потсетам, вели Јорданов, дека пред две години Каракачанов беше во посета на Скопје како министер за одбрана, каде што дозволи неговиот говор да биде преведен на македонски јазик. Тој не се спротстави на тоа да биде преведен на македонски, рече Јорданов.

Според Јорданов, тој се согласи дека македонскиот јазик е норма, дијалект на бугарскиот јазик и додаде дека од научна гледна точка таков јазик не постои, но тоа е јазик кој е формиран политички, вели тој.

Тој ја поддржа тезата дека Москва преку Каракачанов го попречува членството на Македонија во ЕУ.

И додека Захариева зборува за Тито и комунизмот тогаш бугарската елита се уште е под контрола на Москва.

Сегашниот бугарски премиер му беше телохранител на комунистичкиот лидер, Тодор Живков. А Красимир Каракачанов и неговиот татко станале соработници на бугарските служби во комунизмот.

Затоа е смешно да се слуша Захариева да зборува за Тито и руска политика во Македонија, а во Софија пола влада биле регрутирани од комунистичките служби на Тодор Живков или биле бодигарди на Живков.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •