ноември 27, 2020

Горивата поскапуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за 1 и за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1 денар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,384 денари.

Од 17.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 51,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 51,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 27,580 (денари/килограм)

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, кажа дека неколку причини, односно информации, влијаат врз зголемување на цената на нафтата.

„Најавите од ОПЕК за разгледување на можноста од значително намалување на производството на нафта и во 2021 година, како резултат на дополнителните ограничувања на движења, наметнати поради пандемијата во Европа е една од причини која допринесе за пораст на цената на нафтата. Се проценува дека со ваквиот пристап ќе се овозможи да настане умерен пад на глобалните залихи, кој се очекува да се забрза со средината на 2021 година. Во исто време како ценовно чувствителна се рефлектираше објавената информација на фармацевската компанија Pfizer, дека вакцините за Covid-19, се покажале како ефикасни во 90% кај случаевите кои се испитуваа во доцна фаза. Реакцијата на оваа вест во нафтениот сектор предизвика скок на цената на нафтата за повеќе од 10%, што покажува колку се важни позитивните вести поврзани со пандемијата. Растот на цената на нафтата исто така реагирала овој период и на падот на доларот и победата на Бајден, со која се најавува завршување на трговската војна која со Кина и ЕУ ја отвори Трамп“, оцени Бислимоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •