декември 4, 2020

Вело Марковски: Mораме да видиме кој греши и каде греши

Имаме организационен проблем, изјави доктор Вело Марковски вечерва во „Само вистина“ на Канал 5, за справувањето со коронавирусот. 

Вели дека мораме да видиме кој греши и каде греши. 

Според него, не можеме да кажуваме дека секаде е исто, луѓето умираат, затоа што не е така. 

„Кажуваат дека луѓето доцна одат на лекар. Па како да не одат доцна кога вие им велите да не одат на лекар“, рече Марковски. 

Тој потсети дека имавме карантин и полициски час кога болничките капацитети беа само 11 отсто исполнети. 

Вели дека бројките се застрашувачки и ако вака продолжиме ќе биде лошо. 

Денес во Македонија има 40 починати од коронавирусот. 

Михаела Довичинска од Штип, преку статус на Фејсбук се обрати до министерот за здравство Венко Филипче, во кој обелоденува дека нејзината мајка починала од корона вирусот во Клиничката болница во Штип. Во статусот детално појаснува како е исклучително тешко најблиските да добијат информација за состојбата од пациентот, но пред се, како пациентката, односно нејзината мајка, со последни слили праќала пораки и очајнички се обидувала да добие итна и неопходна медицинска помош од сестрите и лекарите во болницата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •