декември 4, 2020

Ѓоковиќ го имитираше Роналдо, Португалецот веднаш искоментира (Видео)

И на неколку часа пред мечот со Франција, Кристијано е активен на социјалните мрежи

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ во маркетиншки цели пред завршниот Мастерс турнир во Лондон, реши да го имитира Кристијано Роналдо во прославата на погодоците. Клипот од реакцијата на Ѓоковиќ заврши на службената страница на АТП, а потоа Новак го означи Роналдо и го запраша како му се допаднала неговата имитација.

Роналдо е познат како човек кој ретко одговара на Твитер, но кога се работи за прашање поставено од Ѓоковиќ, Португалецот експресно возврати „Не е лошо брате“.

Погледнете како Ѓоковиќ го имитира Роналдо.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •