ноември 28, 2020

Терористот Кујтим Фејзулаи имал соучесници од Македонија

Терористот Кујтим Фејзулаи кој неодамна изврши напад во Виена, имал соработници од три земји, меѓу кои и од Македонија. 

Портпаролката на виенското Јавно обвинителство Нина Бусек изјави дека голем дел од соучесниците кои се на возраст од 18 до 28 години се Австријци, но некои од нив во земјата дошле од Македонија, Косово и Бангладеш.

Бусек не прецизира дали меѓу тие што се во притвор има луѓе по потекло од Македонија. 

Сега се истражуваат 21 потенцијален соучесник во терористичкиот напад во кој беа убиени четворица луѓе. 

Најмалку 10 од нив во моментов се во притвор. 

Сите 14 луѓе кои беа потешко повредени и пренесени во болниците по терористичкиот напад на 2 ноември се спасени. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •